Наместо во патики и тренерки „Аѕурите“ со костуми излегоа на теренот на Филип Втори
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Фудбалерите на италијанската репрезентација кои пристигнаа во Скопје иако беше најавено не го одржаа тренингот, најверојатно поради заморот по дуелот со Шпанија.
Затоа само во своите елегантни костуми се прошетаа на теренот на Националната фудбалска арена Филип Втори. Утре со почеток од 20:45 се игра третиот дуел од квалификациите за Светското првенство во Русија, па македонската публика ќе има можност да погледне фантастична репрезентација.