НАПАД СО НОЖ ВО ФРАНЦИЈА: Пред маркет избодени луѓе
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Во јужна Франција напаѓач со нож избоде луѓе пред маркет, по што еден човек почина, а друг е повреден.
Околу 14 часот ова се случи во градот Сен Пол Троа Шато.
Лицето кое почина имало 45 години и добило девет убоди со нож.
Другото лице има тешки повреди и е пренесено во болница.
Засега нема детали од полицијата за нападот, и дали се работи за тероризам.