Напаѓачот од Котор ги гледал жртвите кога летнале во воздух
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2016
Напаѓач во Котор вчера околу 16 часот со активирање на експлозив на далечина уби две момчиња на возраст од 25 и 28 години.
Засега не е познат напаѓачот, но се знае дека употребил експлозив со голема разорна моќ. Настанот се случи во населбата Муо, на 700 метри од полицијата.
Првите сомнежи се дека во ова двојно убиство се вмешани повеќе луѓе и нападот е изведен професионално, но детали не се знаат.
Едно од убиените момчиња и било познато на полицијата затоа што било повикувано на разговори во полиција поради криминални дејствија, а другиот убиен не е познат на полицијата.
Граѓаните се зачудени што убиството се случило во населба која важи за мирна. За момчињата се претпоставува дека се набљудувани од друга куќа пред да се активира експлозијата. Се очекува да се прегледаат снимките од камерите во близина.