Насилно убиен познат историчар на украинскиот геноцид
Објавено во: Свет 02 Септември, 2018
Украинскиот историчар Микола Шитјук беше пронајден мртов во својот дом во Николаев, објави полицијата. Според властите, неговото тело имало знаци на насилство, вклучувајќи и сериозни повреди. Истражувањето за убиство е во тек, пишува REL.
Шитјук беше познат по неговата работа околу околу документирањето на геноцидот во 30-те години од минатиот век во кои загинаа илјадници во Украина.
Овој геноцид се одвиваше во периодот 1932-1933 година, додека советските власти ги притискаа селаните да станат дел од колективните фарми.
Историчарите проценуваат дека опсадата на советските власти од 1932 година била главната причина за геноцид.
Украина и неколку други земји го именуваат геноцидот како „Глад“.