15 Мај, 2024
0.0287

НАТАЛИТЕТОТ ОПАЃА: Еве колку бебиња се родени по општини

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба  со претходната година, е намален за 73 деца или за 0.3%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 199 деца, од кои 23 002 се живородени и 197 мртвородени деца.

Најмногу деца се родиле во Скопје, 6745. Гостивар има 784, Битола 920, Куманово 1203, Охрид 549, Струга 686, Прилеп 747, Струмица 709, Тетово 1219, Штип 485. Најмалку има во Вевчани 27, Дебарца 37, Старо Нагоричане 41, Пехчево 44 деца. 

Во структурата според пол, кај живородените деца  машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно, на 100 живородени женски деца 106.6 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број на живородени деца (2 165) се регистрирани во месец септември.  Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.9 години, а 27.2 години при првите раѓања.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1% се живородени деца од мајки на возраст 25-29  години.

Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1987  година.

Во 2016 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 761 дете, или 12.0% од вкупниот број на живородени деца се вонбрачни.

За споредба, во Република Македонија во 2015 година вкупно се родени 23 260 деца,  од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“