09 Мај, 2024
0.0603

НАТО: Столтенберг нема итни планови за посета на БЈР Македонија

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Oд Северноатлантската алијанса денеска излегоа со став дека вратата за македонската држава останува отворена, но според заклучокот од Самитот во Букурешт во 2008 година, значи прво решение на проблемот што НАТО-членката Грција го има со Македонија, па дури потоа покана за членство.

Овој став излезе откако се појавија и шпекулации дека е можно брзо зачленување на Македонија во НАТО. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, официјален претставник на Алијансата за МИА денеска одговори и за можна посета на генералниот секретар Јенс Столтенберг на Македонија, негирајќи ја таквата можност во скорешна иднина, но потврдувајќи дека в понеделник доаѓа македонскиот премиер Зоран Заев во посета на седиштето на НАТО во Брисел.

„Генералниот секретар Јенс Столтенберг нема итни планови за посета на БЈР Македонија, но тој се радува на посетата на премиерот Зоран Заев на Брисел во понеделник на 12 јуни. Ние ќе ги поддржиме напорите за решавање на итно потребните реформи, вклучително и за доброто владеење и владеење на правото. Реформите ќе ја направат земјата посилна и подемократска. Нашата врата останува отворена и нашата одлука од Самитот во Букурешт стои, а беше повторена и на Самитот во Варшава во јули 2016 година“ - вели високиот официјален претставник на Алијансата за МИА, инсистирајќи на анонимност.

Овој став од најголемата воено-политичка организација на светот значи дека шпекулациите дека е можно членство во НАТО на Македонија со привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, како што беше побарано и во 2008 година, дефинитивно не е опција. 

Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?