29 Април, 2024
0.0268

НАУЧИЛ НЕШТО ВРЕДНО: Сменил 50 работни места за 50 недели и пратил 18 илјади меилови

Објавено во: Стил 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За време на рецесијата Американецот Даниел Секула не успева да најде работа никаде, дури откако испраќа 18 илјади меилови и се јавил на повеќе од 40 интервјуа за работа. Единственото нешто што го слушал, е "ќе ви се јавиме за 2-3 недели". Затоа решава да си го собере багажот и тргнува да бара работа во Чикаго. Не успева да најде работа и таму и се преселува во друг град. Дури по третиот обид се покажал во Атланта, каде почнува да продава кујнски прибор. Без стабилна плата, само со провизија од прометот, Даниел брзо сфаќа дека не е добар во продажба. Уште еднаш останува без дом.

Se-1(1)

Разочаран од номадскиот начин на живот сепак му доаѓа идејата која го менува целосно неговиот живот. Нема што да загуби и решава да се впушти во авантурата да работи на 50 различни места во 50 држави за 50 недели, само за да го сфати она што сака да го работи во својот живот. За тоа време работи како гранична патрола во Аризона, рудар во Западна Вирџинија, ловец на јастози во Мејн, оди на потпорници во забавен парк во Флорида.

Ова се петте најважни лекции кои ги научил од патувањето и кои го промениле целосно неговиот живот:

1. Однесувајте се човечно со луѓето

Создадете мрежа на познаници, бидејќи луѓето се највредниот ресурс во побарувачката на можности. Никогаш не гледајте на човек од високо, бидејќи можностите доаѓаат во различни форми. Во третата недела од своето патување, додека работел во родео во Јужна Дакота, кај него дошол еден намуртен каубоец и го прашал каде престојува. Даниел првично помислил "не и со тебе, бидејќи изгледаш страшно". Кога решил да престане да ги оценува луѓето по нивниот изглед и почнал да ги прифаќа според она што се, и покрај разликите им, неговите врски со луѓето се подобриле. На крајот престојувал кај каубоецот и неговото семејство, кои го прифатиле како еден од нив.

2.Научете да прифаќате откази

Даниел се јавил по телефон да бара работа, луѓето му се смееле, кажувајќи му дека им го губи времето и му затворале слушалки. Прифатете го отказот како дел од процесот и научете дека без разлика што барате, нема да добивате вечно одговор не. Даниел минал низ 5000 одговори НЕ, за да добие 50 ДА.

Se-3(1)

3. Преземајте ризици, за да си најдете работа

Ако веќе сте без работа, што може да изгубите? Даниел минувал во обезбедувани и заклучени врати, дури бил загрозен од наметнување на забрана поради неласкави повици, но тој не се откажал, додека не го добил она што го сакал. Не плашете се да го замените живеалиштето или да се менувате, бидејќи тоа се најдобрите начини да откриваш.

4. Клучот е во увереноста

Треба да верувате во себе, ако сакате другите луѓе да веруваат во вас. Никогаш не се самокритикувајте и не дејствувајте како веќе сте ја заработиле работата. Увереноста доаѓа со искуство, и како може да се погоди, некои од работите со кои Даниел се занимавал во крајот на неговото патување, немаат ништо заедничко со она што го имал замислено во почетокот.

5. Барајте помош и споделувајте идеи

Нема да го добиете она што го сакате, ако не го побарате. Луѓето се подготвени да помогнат. Ако покажете претприемност и иновативност, тие ќе ви помогнат. Ако споделите идеи со нив, тие ќе знаат како и каде да им помогнат на вашите напори.

Патувањето на Даниел го менува целосно неговиот живот. Тој издава меѓународен бестселер и зборувал пред речиси милион луѓе, на кои им раскажувал за своето патување. Даниел е основач и на програмата Living the Map во којараскажува за различните култури, професии и услови во земјата преку градење на заедници и образовни потфати