НАУКАТА ПОТВРДИ: Работниците треба да работат четири дена неделно
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017
Денес многу луѓе работат по 50, 60 и 70 часа неделно и со тоа канцеларијата ја претвораат во свој втор дом.
Но, повеќе часови на работа не значи и повеќе завршени обврски. Ова го потврдуваат и научниците. Тие тврдат дека луѓето се најефикасни ако работат четири дена, а три одмораат во текот на неделата.
Андерс Ериксон, стручњак за психологија на работа вели дека луѓето дневно можат ефективно да работат 4 до 5 часа.
Вели дека откако луѓето ќе го достигнат максимумот во текот на работниот ден, потоа се незадоволни.
Фирмите кои ги намалиле работните денови имаат ефикасни работници, а бројот на луѓе кои си заминуваат од компанијата исто е помал.
Некои компании уште во 2006 и 2008 година воведоа работна недела од 32 часа.