Наумов: Ставрески го прекрши Законот за јавен долг
Објавено во: Економија 01 Февруари, 2016 15:07
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов вели дека министерот Ставрески ги прекршил Законот за јавен долг и подзаконските акти кои го регулираат начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност, соочен со рекордниот износ на јавниот долг од 4 милијарди и 224 милиони евра.
„Во Законот за јавен долг член 18 став 7 децидно е наведено дека начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар ги пропишува министерот за финансии.
Во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот ( Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14:00 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот (Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден , преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници“, стои во соопштението на Наумов до медиумите.
Наумов потенцира дека Ставрески го дефинирал проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана за 02.02.2016, на ден 29.01.2016, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата и поради тоа вели дека ја побара целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите.
Дополнителниот заменик најави и жалба која ќе ја поднесе до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата на 02.02.2016 година поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.
Можеби ќе ве интересира
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




