28 Април, 2024
0.0273

НБРМ ја задржа основната каматна стапка на 3,25% за догодина

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка денес ја одржа својата единаесетта седница, на која беа усвоени Кварталниот извештај и макроекономските проекции до крајот на 2019 година, при што беше констатирано дека во текот на третиот квартал основната каматна стапка се задржа на 3,25%, во услови на непроменетиоцени за стабилноста на економските основи, отсуство на нерамнотежи во економијата и постепено стабилизирање на очекувањата.На девизниот пазар немаше притисоци, а интервенциите на НБРМ во третото тримесечје беа во насока на откуп на девизи. Штедењето на домаќинствата во банкарскиот систем продолжи да расте и во третиот квартал. Сепак, и натаму остана недовербата на економските субјекти заради  домашните политички случувања, иако помалку изразена, при што се задржаа видувањата за поголема внимателност во одредени пунктови. Ова особено се однесува на депозитниот потенцијал чиј раст беше поумерен во однос на очекуваниот, како и на бавното зголемување на склоноста на населението за штедење во домашна валута, што покажува дека е потребно време за одржливо подобрување на валутните преференции. Во однос на оцените на ризиците, во текот на кварталот беше оценето дека неизвесноста од домашното окружување е помала, но и понатаму присутна, додека ризиците од надворешното окружување останаа актуелни и главно се однесуваа на ризици на среден рок, а главно поврзани со кревкото глобално закрепнување, глобалните протекционистички тенденции, ефектите од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија и геополитичките тензии.

Најновиот октомвриски циклус макроекономски проекции за тековната и за следните две години упатува на одредени промени во однос на априлската проекција.Тие главно произлегуваат од  остварувањата во првата половина од 2017 година, кога економијата забележа пад, што веројатно во еден дел ја одразува воздржаноста на инвеститорите во услови на изразена политичка нестабилност на почетокот од годината. Воедно, во овој период беа присутни и поизразени увозни притисоци. Овие поместувања, оценети како привремени, условија надолна ревизија на очекуваниот економски раст за 2017 година. Од друга страна, оцените за стабилноста на домашните фундаменти и за карактеристиките на надворешното окружување остануваат поволни.Оттука, во рамки на октомвриското макроекономско сценарио за 2018 година и 2019 година се задржуваат прогнозите за релативно солиден економски и кредитен раст, отсуство на позначителни ценовни притисоци и платнобилансна позиција, којашто обезбедува соодветно ниво на девизните резерви. Овие проекции претпоставуваат стабилизиран амбиент и целосно исцрпени ефекти од претходните неповолни политички случувања.

Во периодот помеѓу двете проекции дојде до одредени промени и кај очекуваните движења на главните показатели на надворешното окружување. Странската ефективна побарувачкае ревидирана во нагорна насока за 2017 и 2018 година во согласност со процените за засилување на економската активност кај најзначајните трговски партнери. Во 2018 и 2019 година се очекува умерено забавување на странската побарувачка, при што нејзиниот раст и понатаму ќе се движи околу 2%. Наспроти ова, кај странската ефективна инфлацијасе извршени надолни корекцииво 2017 година и 2018 година. Притоа, за 2019 година се очекува таа умерено да забрза, но сепак ќе остане ниска. Во поглед на движењето на цените на примарните производи, во 2017 година цените на нафтата, прехранбените производи и цените на металите се ревидирани во надолна насока, што упатува на помал раст во споредба со априлските очекувања. Цените на прехранбените производи се ревидирани во надолна насока и во 2018 година, заради што се очекува помали увозни притисоци врз домашната инфлација, додека останатите цени на примарните производи бележат мала нагорна корекција споредено со претходните очекувања. Гледано според динамиката, наспроти генералниот раст на цените во 2017 година, за 2018 и 2019 година се очекува претежно забавување на растот на цените кај поголемиот дел на овие производи. Оттука, во наредните две години се очекува да преовладува амбиент на претежно ниски цени на светските пазари.

Најновите проекции, исто како и во априлскиот циклус проекции, покажуваат задржување на трендот на раст на домашната економија. Сепак, за 2017 година е направена значајна надолна ревизија на очекуваната стапка на раст од 2,5% на 0,5%, додека стапката за 2018 година е задржана непроменета (3,2%). Натамошно умерено забрзување на растот се очекува во 2019 година.Надолната корекција на очекуваниот економски раст за 2017 година е одраз на остварувањата во првата половина од годината, кога економската активност забележа пад, наспроти очекуваниот раст во априлската проекција. Ова отстапување во најголем дел е последица на помалата инвестициска побарувачка, но и на поизразените увозни притисоци. Сепак, се смета дека ваквото поместување е привремено, при што веќе во втората половина од годината, согласно со постепеното исцрпување на неизвесноста од домашните политички случувања, враќањето на довербата на инвеститорите и подобрените очекувања на економските субјекти, се очекува раст на БДП. Под претпоставка за целосно стабилизиран домашен амбиент и поповолна патека на надворешните фактори, во наредните две години се очекува забрзување на растот, при што и понатаму се очекува домашната економија да расте побрзо од економијата на трговските партнери. Главни фактори за растот, како и во претходниот циклус проекции, остануваат активноста на новите странски капацитети ориентирани кон извозот, јавните инвестиции во патната инфраструктура, чијашто динамика би требало да забрза, по забавувањето во 2017 година, како и стабилните очекувања на домаќинствата. Имајќи го предвид ова, и структурата на растот останува слична на очекуваната во априлскиот циклус проекции. Од индивидуалните расходни компоненти на БДП, се очекува извозот на стоки и услуги да има највисок позитивен придонес кон растот во 2018 и 2019 година, а ваквите оцени се засновани врз очекувањата за растечка активност на новите странски капацитети, понатамошно подобрување на глобалниот амбиент и закрепнување на дел од традиционалните извозни сектори. Покрај извозот, растот во следните две години ќе биде поддржан и преку инвестициската активност, во услови на стабилен амбиент и продолжено позитивно делување на основните фактори на инвестициската активност, односно раст на странските инвестиции и продолжувањето на циклусот на јавните капитални инвестиции. Се очекува поволниот економски амбиент да поттикне натамошен раст на личната потрошувачка, преку зголемување на платите и вработеноста во приватниот сектор, а дополнително влијание се очекува и од кредитната поддршка од банките. Се очекува растот на компонентите на домашната побарувачка и извозот да доведат и до повисок увоз, но се оценува дека зголемувањето на увозот ќе биде во складсо фундаментите и нема да доведе до нарушување на надворешната рамнотежа.

Се очекува кредитната активност на банкарскиот сектор во периодот на проекции да биде важен фактор на поддршка на растот на приватната потрошувачка и на инвестициите.Во 2017 година, во услови на забавување на темпото на раст на депозитите кои се основен извор на финансирање на кредитната активност и пролонгирана неизвесност, беше забележано умерено забавување на растот на кредитите, чиешто темпо е нешто послабо од очекуваното. Така, за 2017 година, согласно со остварувањата од почетокот на годината направена е мала надолна корекција кај кредитите на приватниот сектор, при што кредитниот раст е проектиран на 4,6%, наспроти 5,2% со априлските проекции. Кредитниот раст во 2018 година не претпре поголема промена, при што се оценува дека ќе изнесува 7,2%, наспроти 7,1%, во април. Во 2019 година се очекува забрзување на растот на кредитната активност на 7,6%. Оваа проекција е заснована врз оцените за здрава солвентна и ликвидносна позиција на банките, исцрпување на неизвесноста од домашното окружување, како и на очекувањата за подинамичен раст на депозитната база. На страната на депозитите, во 2017 година при послаби остварувања, депозитниот раст е проектиран на ниво од 3,6%, наспроти 4,2% во априлската проекција. Сепак, со натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и пораст на економската активност во текот на наредните две години, се претпоставува зголемување на потенцијалот и склоноста за штедење во банките, а оттука и забрзување на растот на депозитната база од околу 6% како во 2018, така и во 2019 година.

Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Се очекува стапката на инфлација во 2017 и 2018 година да изнесува 1,3% и 2%, соодветно, исто како во претходниот циклус проекции, а динамиката на раст на домашните цени од околу 2% се очекува да продолжи и во 2019 година.Овие оцени ги одразуваат ценовните движења во претходниот период, како и очекуваното движење на увозните цени на храната, енергијата и на странската ефективна инфлација. Умерени притисоци врз инфлацијата се очекуваат и од домашната побарувачка, во услови кога производниот јаз е оценет како благо позитивен во текот на целиот период на проекции.

Најновите октомвриски проекции за надворешниот сектор покажуваат задржување на оцените за умерен дефицит во тековната сметка од околу 2% од БДП,  со доволно финансиски текови за негово финансирање и дополнително зголемување на девизните резерви во периодот 2017 - 2019 година. Притоа, во рамки на најновите оцени за билансот на плаќања се направени умерени надолни корекции кај дефицитот во тековната сметка, главно поврзани со очекувањата за помал дефицит кај примарниот доход. Во 2017 година се очекува дефицит во тековната сметка од 2,0%, додека за 2018 и 2019 година, оценетиот дефицит во тековните трансакции изнесува 1,8% од БДП, соодветно Во периодот на проекции, се очекува натамошно умерено подобрување на салдото на стоки и услуги, пред сѐ како одраз на зголеменото искористување на потенцијалот на новите производствени капацитети во странска сопственост. Ризиците во овој поглед се оценуваат како нагорни, имајќи предвид дека претпоставките во рамки на проекциите се релативно умерени. Позитивни поместувања се очекуваат и кај дел од традиционалните сектори. Кај суфицитот на секундарниот доход, по растот во 2017 година, во следните две години се очекува одредено умерено намалување при отсуство на шокови коишто би делувале врз динамиката на оваа компонента. Сегашната патека и висината на дефицитот во тековната сметка и неговата структура не укажуваат на нерамнотежи во економијата во наредниот тригодишен периодОд аспект на финансиската сметка, се очекува дека финансирањето на тековната сметка во овој тригодишен период ќе се обезбеди преку недолжнички и должнички финансиски текови на долг рок, односно главно преку странски директни инвестиции и задолжување на јавниот и на приватниот сектор во странство. Во периодот 2017 до 2019 година, се очекува дека дефицитот на тековната сметка во целост ќе биде покриен од финансиски текови, коишто ќе овозможат и дополнителен раст на девизните резерви. Во текот на целиот период на проекции, показателите за адекватноста на девизните резерви се во сигурната зона.

Општо земено, последните остварувања укажуваат на задржување слична макроекономска слика како и во априлските проекции, со оцени за послаб економски раст во оваа година, послаби монетарни и кредитни движења, отсуство на ценовни притисоци и платнобилансна позиција којашто обезбедува натамошно одржување на девизните резерви на соодветното ниво. Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио главно се поврзани со надворешното окружување, при постепено намалување на ризиците од домашното окружување, како резултат на стабилизирањето на политичкиот амбиент во земјата. Оттука, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на целите на монетарната политика.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка