07 Мај, 2024
0.0292

НБРМ со измени во начинот на вршење супервизија и надзор

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата тринаесетта седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. 

Со донесените измени се појаснува процесот на изготвување оцена на севкупниот профил на ризик на банка и неговата содржина, вклучувајќи ги и ризиците коишто произлегуваат од макроекономското опкружување. Оцената на севкупниот профил на ризик на банката, во согласност со оваа Одлука, опфаќа оцена на деловниот модел на банката, корпоративното управување во банката, ликвидносната состојба во банката и ризиците врз капиталната позиција на банката.

 Со Одлуката се определува начинот на кој, врз основа на утврдениот севкупен профил на ризик на банка, се изработува супервизорска стратегија за банката, се оценува минималното потребно ниво на капитал за банката и потребата за пропишување на повисоки стапки од пропишаните во член 65 ставови 1 и 2 од Законот за банките. 

 Со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, коешто се однесува за наредната година. Најдоцна до 15 декември во тековната година, Народната банка ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година. Оцената на минималното потребно ниво на капитал за банката ќе може да се изврши и во период пократок од една година, доколку е потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности, за што банката, соодветно ќе биде известена.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност. 


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката