14 Мај, 2024
0.0280

НЕ Е ДОБРО ПРВО ШТРАЈК, А ПОТОА ПОД ПРИТИСОК ДА СЕ ДОАЃА НА РАЗГОВОРИ СО ВЛАДАТА: Разговараме и во такви услови, решение ќе има-тврди Ковачевски

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Покачувањето на минималната плата не би требало да биде причина за отпочнување на протести. Тоа е плата покачена на работниците доминантно во приватниот сектор кои што работат во фабрики и во услужен сектор. Преку даноците  од приватниот сектор се исплаќаат платите на сите кои што работат во јавниот сектор, а јавниот сектор има 138.000 вработени. Тие 138.000 ги примаат своите плати благодарение на придонесите, благодарение на даноците кои што ги плаќа приватниот сектор, тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести. Ова денеска го одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање во врска со најавените протести од страна на повеќе синдикати поврзани со барања за зголемување на платите.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија истакна дека зголемување на платите треба да има, но со методолошки пристап.

„Сакам исто така да напоменам дека од 2017, 2018, 2019 најголем дел од платите се зголемени за 20 проценти, во образованието платите беа зголемени кумулативно 21 процент во изминативе години, платите исто така на лекарите беа зголемени, капитациите исто така беа зголемувани и финансиските средства кои што го издвојувавме за здравството“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој рече дека Владата ќе продолжи со тој дијалог, меѓутоа истакна дека не е добро за економско социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата.

„Сепак, и во такви услови Владата разговара, нормално со сите претставници на синдикатите, и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение кое што ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние кои што ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски се осврна и на исплатата на минималната плата во јавниот сектор каде има застој во одредени институции, односно не е сѐ уште исплатена минимална плата до 18.000 денари.

„При носењето на минималната плата јас кажав дека сите ќе добиваат минимална плата од 18.000 денари, а за тоа е потребно да се изменат одредени закони, кои што во моментов се во собраниска процедура. Затоа Владата веќе минатата недела донесе заклучок со кој што ќе биде овозможено оние кои што нема овој месец да ја добијат платата до 18. 000 денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесен законот соодветен за административни службеници“, рече премиерот Ковачевски.


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!