НЕ САКААТ ДА БИДАТ СВЕТСКА ДЕПОНИЈА: На четири богати земји им враќаат 150 контејнери отпад
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2020
3.737 тони отпад ќе се вратат назад во САД, Канада, Франција и во Велика Британија.
Вака одлучија Малезијците. На богатите земја ќе им вратат 150 контејнери со отпад.
Тие порачаа дека Малезија нема да биде „светско ѓубриште“.
Земјите кои го испратиле ѓубрето ќе мора да ги покријат трошоците на враќањето.
Кина во 2018 го запре увозот на отпад од странство, по што овој регион е преплавен со пластика од САД, Канада, Франција и Велика Британија.
Кинески компании кои се занимаваат со рециклирање се преселија по забраната во Малезија.
Количината отпад во светот може да се зголеми за 70% во наредните три децении, проценува Светска банка. Најголема количина отпад се очекува во јужна Азија и Субсахарска Африка, но истовремено, земјите во тие региони може да имаат економска и еколошка корист од подоброто собирање, рециклирање и менаџирање со отпадот, објави Светска банка.
Богатите земји произведуваат една третина од отпадот во светот, иако имаат само 16 отсто популација.