Не се снајде во животна средина, ама пак е министер: Колку е богат Садула Дураки?
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2019
Од министерство за животна средина доби прекоманда и стана Министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Роден на 21 јануари 1960 во Липково, Кумановско, македонски политичар од албанска етничка припадност минатата година ја зовре јавноста со една неумесна изјава дека не го интересираат граѓаните а сега се поставува прашањето со колкаво богатство располага Садула Дураки .
Тој во имотниот лист пријавил земјоделско земјиште, стан, две моторни возила и девизна книшка.
Сепак, од се она што е наведено погоре, министерот на негово лично име има само моторно возило Ауди А4 1.9 2003/2003 проценето на 370.000 денари и девизна книшка на која има 21 000 долари.
На име на брачен другар Дураки пријавил земјоделско земјиште кое е во вредност од 922 илјади денари и моторно возило проценето на 120.000 денари.
На имот на родителите Дураки пријавил стан и земјиште.
Дураки Дипломирал на машинскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1990 година. Тој ги извршувал и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓа од царинската управа каде ја вршел функцијата заменик-директор а јавноста денеска бара оставка од него.