02 Мај, 2024
0.0256

НЕ СМЕЕВМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ РУСИТЕ ДА ДОЈДАТ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ДНК - зошто Путин и Макрон седеа на толку голема раздалеченост

Објавено во: Свет 11 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

За време на неодамнешната петчасовна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон, на многумина им падна во очи тоа што двајцата државници седеа на голема далечина од дури четири метри на голема маса. Некои дипломати сугерираат дека домаќинот Путин сакал да испрати дипломатска порака за растојанието меѓу него и Макрон, Европската унија, но се чини дека причината е сосема нешто друго.

Имено, два извори упатени на протоколите на францускиот претседател за Ројтерс рекле дека руските власти му дале избор на Макрон: да прифати ПЦР тест направен од руски официјални лица или ако тоа го одбие - да се придржува до строгите мерки за социјална дистанца и да седне на маса од четири метри спроти Путин.

„Добро знаевме дека тоа значи дека нема да има ракувања и дека тој ќе седне на другиот стол од таа долга маса. Но, не можевме да дозволиме тие да дојдат до ДНК на претседателот“, изјави еден извор за Ројтерс, објаснувајќи дека тоа може да биде „безбедносно прашање“, кога претседателот Макрон би бил тестиран од руски лекари.

Кремљ не одговори на прашањата на Ројтерс на оваа тема. 

Друг извор близок до францускиот претседател рече дека Макрон направил ПЦР тест пред неговото патување во Москва и брз антиген тест кога слетал во Русија, кој бил направен од неговиот лекар.

„Русите ни кажаа дека треба да го држат Путин во строг здравствен ‚балон'“, додаде изворот.

Извор: Индекс.хр

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа