26 Април, 2024
0.0333

НЕ СУМ АНТИВАКСЕРКА, САМО САКАВ ПРВО СЕ ДА ИСТРАЖАМ - еве кои беа последните зборови на млада ѕзезда на Тик ток до оние што не се вакцинираат

Објавено во: Свет 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Меган Александра Бленкенбилер (31), ѕвездата на Тикток, почина на 24 август како резултат на вирусот корона, а само девет дена пред смртта го сподели своето последно видео на оваа социјална мрежа, во кое ги повика сите следбеници да вакцинират што е можно поскоро, за да избегнат судбина слична на нејзината.

Во болницата е снимено шокантно двоминутно видео во кое се гледа како Меган се бори за воздух со цел да каже: „Не требаше да чекам ...“. Меган не беше вакцинирана, а во последните неколку дена од животот очајно ги молеше своите придружници да се вакцинираат, пренесува порталот People.

„Не ја примив својата доза вакцина, иако не сум антиваксерка. Само се обидував темелно да истражам се, се исплашив и затоа ја одложив. Планирав да се вакцинирам заедно со другите членови на моето семејство ... Како што знаете, тешко е да се натераат сите да се согласат за нешто, особено ако некои луѓе мислат поинаку од вас. Мислам дека тоа беше грешка. Ако сте 70 проценти сигурни дека ја сакате вакцината, одете да ја земете. Не чекај, само оди! Бидејќи тоа е единствениот начин, се надевам, нема да завршиш во болница како мене, во ред?“, вели Меган во видеото.

Оваа млада Американка од Флорида закажала состанок за вакцинација, на кој планирала да отиде со нејзината мајка и двете сестри, но за жал никогаш не ја прими вакцината.

Ѕвездата на Тикток, која има неколку десетици илјади следбеници на оваа мрежа, започна да го снима своето искуство со Ковид на 13 август, а само два дена подоцна започна да објавува снимки од нејзиниот болнички кревет.

„Тука сум од рано петок наутро ... Се што слушнав се стенкањата и криците на луѓето ... Претпоставувам дека ги загубија своите сакани“, сподели Меган со своите придружници тогаш.

@atasteofalex

**Also, Tonic Water. Nasty stuff but good for you!! Stay safe out there guys!

♬ original sound - It’s Alex, Betch.


Извор: Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек