НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА СИНОТ УБИЛ ДЕТЕ: На распит во полиција е повикана и мајката на еден од осомничените
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
На распит во полиција е повикана и мајката на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ од Бор.
Полицијата во Бор, попладнево на распит ја одвела мајката на Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, за „Блиц“ потврдил таткото на Дејан, Раде Драгијевиќ. Претходно денеска на рочиште е однесен и помладиот брат на Дејан, Далибор.
„Што да кажам кога не знам ништо. Посакувам да имам добри информации, па да можам да кажам нешто, но не. Требаше да ме слушаат синоќа, но не. Сега дојдоа само по жената. Околу 18 часот со службено возило дошле двајца полицајци и ја однеле да даде изјава. Сега сите се таму, само јас останав дома“, вели Раде Драгијевиќ за „Блиц“.
Тој не верува дека неговиот син е виновен за убиството на малото девојче. Додава дека сите во семејството имаат проблеми со срцето и дека Дејан минатата година имал инфаркт.Полицијата во Бор вчера ги уапси вработените во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ.