20 Декември, 2025
0.0820

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Пријавете данок во УЈП до 15 март!

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 16:16

Добивај вести на Viber

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин кој остварил приходи по неколку различни основи.

Внимавајте на рокот кој почна да тече од 01 јануари па се до 15 март имате обврска да  поднесете образец за утврдување на персонален данок на доход за 2015та година.

Сите даночни обврзници кои нема да се пријават во дадениот рок, ќе се смета дека направиле прекршок согласно Законот за персонален данок на доход, според кој се предвидени парични казни од 100 до 200 евра за прекршител.

Кој треба да пријави данок и по кои основи?

Приход по основ на лични примања :

Платa и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот; надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 од Законот за персоналниот данок на доход, и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа; пензиите; примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва; примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции; примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.); надоместок за врвни спортисти; надоместок за време на боледување; надоместок за време на отсуство од работа; надоместок за работа на судии поротници; вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва; надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите; плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица (пр. приход од извршување физичка или интелектуална работа, врз основа на договор за дело или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, приход остварен со работа преку интернет и сл.).

2. Приходи од земјоделска дејност – ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.

3. Приходи од самостојна дејност – ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.

4. Приходи од имот и имотни права – приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

5. Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост – вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техника, фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил, сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија, преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се претходно наведени.

6. Приходи од капитал – дивиденди и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица, каматитe по заеми дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност.

7. Капитални добивки – од продажба на учество во капиталот и недвижен имот.

8. Добивки од игри на среќа – приходи што се остварени во пари, предмети или права, освен добивки од посебните игри на среќа.

9. Други приходи – сите други приходи кои се исплатени, а не се набројани во точките 1 до 8 од оваа Јавна покана, ниту се ослободени од обврската за оданочување согласно член 6 од Законот за персоналниот данок на доход, како и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени согласно Законот за даноци на имот.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?