03 Мај, 2024
0.0280

Неделен Фактор: Една лажичка за сите

Објавено во: Македонија 19 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Голема фама се дигна околу богослужбите за велигденските празници и опасноста за ширење на корона вирусот преку „едното лажиче за сите“ за причесна, но истовремено никој не крена џева за преполните маркети и банки во предпразничните денови кога се купуваше храна и се завршуваа последните обврски пред 85 часовниот карантин.

Уште една прилика за исмевање на религиозниот дел од народот не беше пропуштена, со силна критика за верските организации кои како да се исклучени од општите кризни мерки. Дали требаше да има уште подиректни мерки и против МПЦ? Да се испоапсеа неколку попови кои ги причестуваа верниците? 

Одењето по верски објекти секако беше ограничено и со повикот на МПЦ и со известувањето на ИВЗ. Впрочем и со целовикендашкиот карантин воопшто не ни доаѓа во прашање присуство во црква за одбележување на Христовото воскрение бидејќи и онака на сила е полициски час, па секој кој би се упатил кон храмовите би бил солено казнет. Да не се разбереме погрешно, мерките за изолација за да се спречи ширењето на заразата, а со тоа и бројот на жртви треба апсолутно да се почитуваат, но истите покажаа дека во очи на Велигден се лошо осмислени.

Корона ерата го менува општеството и ќе се бара смисла на животот во карантин, на работата од дома, на гледање на природата преку прозорец, на вонредна состојба во која ужива секоја владејачка партија. Либералната јавност која ја губи битката со конзервативниот камбек и налетот на десничарските партии во Европа и светот по корона кризата ќе треба сериозно да се замисли, за што всушност се залага. За одржување ли на статус квото и негување на крупниот капитал за кого практично и да нема криза, па банките хуманитарни организации ли се. Ако либералните политичари се шампиони за бранење на човековите права и вреднување на поединецот и неговото право на избор над се, тогаш дефинитивно губат кога се во прашање потребите за колективна припадност колку и тоа да звучи униформно. Не, не е тука прашање дали да се движиме кон фашизам или клерофашизам, напротив туку кон почитување на тоа што се нарекува фолклор, традиција, јазична особеност, без притоа да се наруши идејата за граѓанин на светот, за космополитизам и универзални слободи.

Времето поминато во друштвена изолација можеби и не ни паѓа премногу тешко токму поради се поголемата оттуѓеност на луѓето. Зрблавените реакции дека црквите и џамиите треба да се затворат по секоја цена покажува дека практикувањето на ритуалии и традиции е несфатливо. Дека припаѓањето на заедница која дели исти вредности базирани на обичаи негувани со векови е архаично, нешто што е ретроградно, вредно за потсмев и критика.

Во ера на целосна поврзаност и можност со секого во секое време да комуницираме се повеќе всушност недостасува споделувањето на работите кои вистински го одбележуваат нашиот живот. Не дека тоа е возможно само низ верските обичаи на прослава на животот, оплакување на смртта, раѓањето и стапувањето во брак,  проштевањето и заедништвото.

Но, од друга страна го правиме животот постуден, поосамен, како да сме си доволни самите на себеси, се повеќе себични и алчни, а одлични за консумеризам, за некритично прифаќање и на радикални мерки како четиридневен карантин, за двомесечна непопречена оперативност на влада без контрола од друг орган.

Сериозно ќе треба да се најде новата паридигма по која ќе се раководи светот по корона ерата, постои оптимизам дека можни се економски реформи, дека чуството за солидарност е зајакното, но поместувањето на политичката моќ истовремено може да биде и опасно, одземените слободи и права да ги продолжи и во посткризниот период ако нема јасна визија како понатаму на оние кои себеси се нарекуваат либерали, слоободумни и транспарентни, а се лесни за кревање глас на тривијални проблеми.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи