05 Мај, 2024
0.0262

Неделен Фактор: Влегуваме ли во разгорено националистичко сценарио пред портите на ЕУ?

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Загревањето на меѓуетничките тензии очигледно ќе биде нов проблем кој претстои, со неколку потези преземени од страна на владиниот партнер ДУИ и бавната и нејасна реакција кон навивачката група Комити.

Двата настана најверојатно и не се поврзани едни со други, но воздигнувањето на национализмот може да се намириса од километар.

И ова се случува во време кога многумина се убедени дека концептот "Едно општество за сите" може да го прогласиме за умрено. Најавата дека ќе се делат субвенции за вработување во приватни фирми за постигнување на рамноправност според Рамковен на новиот прв вицепремиер Артан Груби, сериозно ги разниша надежите дека оваа влада ќе се занимава со многу посуштински прашања и реформи.

Мешањето во приватниот бизнис, создавањето услови за нови поделби и дискриминација, како и помислата на мнозинскиот народ дека е обесправен, со вакви потези ќе продолжува да го храни македонскиот национализам. Иако нема конкретен законски предлог како би се субвенционирале вработувањата по етнички клуч во приватниот сектор каде од суштинско значење со квалификациите и професионализмот, веќе се говори дека повторно помалите етнички заедници ќе бидат маргинализирани со фаворизирање само на Албанците. Дури тоа и да не е вистина, веќе се создава тешка атмосфера и тензии кои треба час поскоро да бидат решени со заеднички став на Владата, а не само од кабинетот на Груби кого веќе го нарекуваат паралелен премиер.

Двата инциденти со скандалозните песни на навивачката група Комити и нивното неказнување и недостиг на осуда од страна на власта и државните органи, е одличен мотив за возвратен одговор и од албанскиот национализам, за нови судири и тепачки по автобуси, станици и школи. Такви сценарија веќе неколку пати видовме во изминатите години, а жртви секогаш беа најмладите, оние со најврела крв кои наместо да уживаат во тинејџерските лудории се фрлени во националистички оган, добро осмислено како да изгорат од страна на партиско-полициските структури.

Секоја националистичка песна која шири грозна омраза треба да биде осудена со сите сили. Но, и да не се молчи кога тоа го прават и други навивачки групи, бидејќи недостигот на скандализирање и ревносна и подеднаква осуда ќе остави простор за нови навреди и чувство дека само една страна добива казна.

Во контекст и на продолженото негирање и понижување од страна на соседите нема да биде изненадување ако се разгори македонсиот неконструктивен и токсичен национализам. Не, не се говори за искрено чувство на патриотизам и одбрана на сопственото достоинство и право на слободен и нормален живот, туку говориме за промоција на омразата, враќање на тврдоглавоста и ирационалноста.

Заканите за бугарско вето и навредливиот меморандум од Бугарија испратен до ЕУ покажува дека сенките на Балканот повторно сакаат да и застанат на патот на Македонија, се додека не си ги постигнат нивните цели за негирање и менување на македонскиот идентитет. Можеби овој пат Бугарија се соочува со внатрешна политичка криза и протести кои траат повеќе од два месеца, па национализмот кон Македонија засега им дава добар дефокус од соочување со проблемите на домашен терен. Секако, треба да се земе во предвид и дека било какви нови компромиси со историските личности ќе значат и редефинирање на македонскиот идентитет и државност, а тоа ќе фрли уште поголемо масло на веќе разгорениот оган.

Во пресрет на започнувањето на преговори за членство во ЕУ воопшто не ни треба нова меѓуетничка криза, ниту пак авантури за дополнително хранење на амбициите на ДУИ, ниту пак слеп национализам и чукање во градот без реални резултати. Изгледите за влез во Европската Унија треба да создадат нова општествена енергија и оптимизам дека состојбите може да се нормализираат, а со тоа да се зголеми и економскиот раст и животен стандард. Истовремено под лупата на европските партнери и притисокот за затворање на поглавјата каде ќе мора да се прикаже вистински напредок, многу полесно ќе се најде и политичка волја која за жал кај нас е клучна за проактивно наместо стихијно справување со проблемите. 

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден