29 Април, 2024
0.1465

Неделен Фактор: ВМРО-Бихаќко, рехабилитација на началникот и подемот на „фашистот“

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Некој ќе одмара во Брајчино, некој ќе се поти во Белата палата. Некој ќе си добие мандат да составува влада, некој ќе си прогласува победи со весели математики.

Не поминаа ни ден два од изборите и рака на срце се уште сите опции за формирање на нова Влада се отворени, а веднаш рипнаа со барањата за оставка од Мицкоски. Поранешни соработници на Груевски и на Мијалков како да се натпреваруваа кој ќе биде побрутален кон актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Сосема е јасно дека со трет изборен пораз од 2016 наваму, со неформирање влада и длабоко навлегување во опозиција без албански коалиционен партнер, Мицкоски е сосема логично да се повлече од тронот во партијата. Тој период на чекање додека Заев се одмара и само чека да истечат сите законски рокови, најверојатно е предолг за како што некои ги нарекуваат "добрите" или "заевите" вмровци.

Но, кога двајца се караат, третиот може да искористи. Притисокот врз Мицкоски, судирот за превласт меѓу Мијалков и Груевски може да биде и продуктивен за професорот.

Новото нормално е Мијалков да биде целосно рехабилитиран, да се појавува во јавност, да "дава" интервјуа, да си води кампања и ПР, да бистри политики. И тоа поминува многу лабаво кај "критичката" јавност, онаа што се скандализира од статуси, онаа која вришти дека режимот не смеел да се обнови. Па да режимот и нема потреба да обнови, пошто тој не ни срушен.

Мијалков е новиот демократ кој ќе му стави јасно до знаење на Мицкоски дека мора да се реформира и демократизира (ако ова уште го читате и мислите дека сте влегле во некоја паралелна димензија, ве разбирам сосема како ви е).

Ама затоа пак, Апасиев е новиот фашист, мал диктатор, кој чувај Боже ако добие власт сите ќе не стрела. И додека "критичката" јавност од уста не го вади "црнокошуљашот", тој се повеќе си го била рејтингот. Човек ќе помисли дека со тоа што Левица може да земе што повеќе десни гласови дека нивнс факторизација токму благодарение на солзите на декларираните прогресивци оди повеќе на штета на ВМРО-ДПМНЕ, па оваа шарада и не им е така трагична.

Ако некој била рејтинг, тогаш Мицкоски прави математики како да остане на престолот, секако ако и понатаму го посакува.

Јадрото околу него кое и натаму верува дека еден ден Мицкоски ќе биде премиер силно ќе се бори тој да остане лидер во партијата.

Промената на статутот, укинувањето на титулата почесен претседател која ја носеше Груевски, внесувањето на барањата на дел од реформаторите и ограничување на мандатот на претседателот на партијата покажува дека Мицкоски е подготвен да ги подобри односите со меѓународните партнери и внатрешните кадри кои тоа го бараа на суптилен начин.

Прашањето на водство на најголемата опозициска партија нема да биде на харизма, политички шмек на личноста и способност за доодворување на јавноста и освојување на нејзината доверба, туку внатрешен остар маневар во кој некој ќе излета од патеката, а некој ќе го пресече свикот.

Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ како и да не сакаше да победи на овие избори, и натаму остатоците на "Груевизмот" како страшило ги спречија незадоволните гласачи да им дадат доверба. Можеби Заев не е убедлив победник, но јасно е дека мнозинството не е сигурно какво ВМРО-ДПМНЕ би се вратило на власт. Поавторитарно од претходно? Повеќе националистичко, со уште поголема злоупотреба на патриотската карта со празни реторики за удирање во гради додека се уништуваат сите релации кои ги градиме како народ и држава?

Можеби и не беше стисната силно педалата на гас за да се покаже дека без бате Саше, без Грујо и компанија, ВМРО-ДПМНЕ не може да победи, особено не со Мицкоски.

Лузер или лидер? Тоа е прашањето сега за Мицкоски. Дали навистина сака да се одметне од сенката, канџите и влијанието на претходно споменатите, расчистување со сите функционери осомничени за криминал и тешка корупција или пак ќе потклекне под притисокот без да успее да го задржи раководството и пред се членството на своја страна.

Најголема предност негова е што сега е потценет. Негови се грешките што не артикулира политички став кога е тоа најпотребно, што покажува неоснована суета, што не е конкретен кога му поставуваат критички прашања. Но, пак ќе кажеме лидерското прашање во ВМРО-ДПМНЕ нема да биде базирано на лични квалитети, харизма и способности туку резултат на внатрешна пресметка.

Од Конгресот во Валандово и малите ножиња, речиси и да нема изборен или важен државен процес, а да не помине со турбуленции во Белата палата. Од смената на реформаторите од партиските тела по само неколку месеци, смената на Митко Јанчев како заменик претседател на ВМРО, до бркањето од партијата на Мијалков и промени во Извршниот комитет. 

Можеби за Мицкоски да победи на избори и да стане премиер, најпрво треба да победи во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево