18 Мај, 2024
0.0313

Негувателката што тепаше дете доби обвинение и продолжен и е притворот

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Негувателката која пред неколку месеци ја згрози македонската јавност поради насилство врз малечко двегодишно детенце, доби обвинение за ова дело и нејзе и е продолжен притгворот, соопштги Јавното обвинителство.

„Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

Како што нагласуваат оттаму, обвинетата, на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. 

„Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди“, соопштија од обвинителството.

Оттаму додаваат дека со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Јавноста во ноември лани се згрози од она што го виде и се запраша какви бебиситерки им ги чуваат децата на родителите.

Тогашната Министерка за труд Мила Царовска изјави тогаш дека „ случајот е под истрага. Сите документи и сознанија што ги има Министерството ќе ги достави до надлежните истражни институции за да не се нарушува редоследот на нештата. Ние како одговорна институциија сите сознанија што ги имаме ќе ги предадеме во надлежните институции“, рече Царовска.

Случајот одекна во јавноста откако сопственик на угостителски објект во општина Аеродром, „Дежаву“, проверувајќи ги безбедносните камери, забележал како дадилката го малтретира детенцето што и било дадено на чување. 

Тогаш на социјалните мрежи се спомена и нејзиното име. Станува збор за Ж.П., која има која има 59 години.

Негователката веќе една година претходно го чувала детенцето. 

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување