07 Мај, 2024
0.0264

НЕХУМАНО И МОРА ДА ПРЕСТАНЕ: Пет факти за бизарниот фестивал на кој се јадат и мачат кучиња

Објавено во: Свет 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На 21 јуни продолжува една лоша “традиција“ во Кина. Бизарен тренд, којшто иако е многу тешко да се гледа,  наидува на огромен број поддржувачи.

Станува збор за Фестивалот на месо во Јулин, Кина. 

Прочитајте неколку важни работи што треба да ги знаете за оваа сурова "прослава".

1. НЕ Е стара ТРАДИЦИЈА.

Овој 10-дневен настан во Јулин не се одржува стотици години наназад и нема културна вредност. Квази традицијата започна во 2010 година, некаде почетокот на летото како маркетинг трик за продавачите на кучиња да ја зголемат продажбата(очигледно по секоја цена и на секаков начин).

На други места во Кина, кучешко месо сепак се јаде но најчесто во зима.Фестивалот го промовира месото како нешто за добра среќа и здравје.

2. Околу 10.000 кучиња се убиваат за време на фестивалот секоја година

Многу од кучињата (и мачките) убиени за време на фестивалот се украдени домашни миленици. Кучињата се сместени во мали кафези наредени еден до друг во задниот дел на камионите, а потоа се возат стотици километри до Јулин. Поради недостатокот на храна и вода додека се транспортираат, некои кучиња умираат од глад или дехидратација пред да стигнат таму - што всушност од друга страна тоа можеби е добро за нив(затоа што барем нема да се мачат за време на фестивалот), трагично-но вистинито.

Во екот на популарноста на овој фестивал, 10.000 до 15.000 кучиња биле заклани, но потоа оваа бројка се намалила затоа што станало многу сурово.

3. КУЧИЊАТА НЕ СЕ ЖРТВУВААТ СО ЕВТАНАЗИЈА.

При убивање на кучињата не се користи принцип на инјектирање туку тие се убиваат на брутални начини коишто се многу болни за самите кучиња. Бидејќи се верува дека адреналинот го прави вкусот на месото подобар, кучињата се убиваат на ужасни начини. Во Јулин има над 100 кланици во кои во текот на фестивалот секој ден се убиваат околу 2.000 кучиња.

4. СТОТИЦИ КУЧИЊА СЕ СПАСЕНИ ПРЕД ДА СЕ НАЈДАТ НА НЕЧИЈА ТРПЕЗА

Глобалните и локалните групи за заштита на животни неуморно работат за да се спречи овој бизарен тренд.

5.АКТИВИСТИТЕ ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ ПОСТОЈАНО СЕ БОРАТ ЗА ДА СЕ УКИНЕ ОВАА “ПРОСЛАВА“

Поради зголемениот глобален напад, Владата на Јулин се откажа и се тргна од фестивалот во 2014 година. Во последниве години фестивалот се одржува во рестораните, наместо на големи отворени подрачја.

Фестивалот треба да се укине, а кучешкото месо треба трајно да се забрани низ цела Кина. Позитивен знак е дека мнозинството кинески (64 отсто) сакаат да го забранат фестивалот, според анкета од 2016 година. 

Оваа година пред неколку месеци започна иницијатива-петиција за забрана на овој фестивал.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно