26 Април, 2024
0.0297

Некои пациенти имаат предиспозиции да им се згрутчува крвта: Научници со нови сознанија кои пациенти може да имаат тешка форма на ковид

Објавено во: Свет 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Згрутчувањето на крвта е најчеста причина за смрт од КОВИД-19. Тим германски и холандски научници откриле кои пациенти им се предиспонирани, пренесува Дојче веле.

До денес останува нејасно зошто инфекцијата со корона вирусот е лесна или асимптоматска кај некои, додека кај други е опасна по живот. Во тешки случаи на болеста, често се јавува воспалителна реакција - белите дробови се воспалуваат, а понекогаш срцето или бубрезите се засегнати. Многу често тоа доведува до оштетување на малите крвни садови и сериозно згрутчување на крвта, што може да предизвика згрутчување и во белите дробови. Ова е најчеста причина за смрт од корона вирусот.

Истражувачки тим, вклучувајќи германски и холандски научници, пронајдоа клучен индикатор во крвта на пациентите инфицирани со КОВИД-19 што „предупредува“ за веројатно тежок тек на болеста. Во земените примероци од крв, научниците откриле т.н. „незрели клетки“ на тромбоцити, кои играат голема улога во коагулацијата на крвта.

Покрај тоа, истражувачите откриле многу незрели црвени крвни клетки во примероците на крв, кои обично исто така созреваат во коскената срцевина. Во принцип, циркулацијата на кислород во телото зависи од црвените крвни клетки. Поголемиот број на незрели крвни клетки е доказ за недостаток на кислород - ова е познат итен одговор на сериозно заболување на белите дробови.

Наодите на меѓународниот истражувачки тим се објавени во списанието Имунитет.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни