НЕМА ДА БИДЕ ВАКА ТОПЛО: Од среда студен бран со температура до минус 11 степени
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж поширокото Повардарие повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени. Во Скопје времето е сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштуваат дека до сабота во државава ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време, како што велат од УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 11 степени.
Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.