Нема екстрадиција за Груевски, одлучи унгарскиот суд
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019
Унгарскиот суд одлучи дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија .Според тоа, не се прифаќа барањето на македонското Министерство за правда. Тоа значи дека и понатаму Груевски останува политички азилант во Будимпешта.
Барањето за екстрадиција на Груевски е за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017. Основното јавно обвинителство на Македонија нема се уште покренато такво обвинение за него бидејќи не е достапен за органите.
Никола Груевски маскиран со безбол-капче и очила за сонце како и со јакна на рацете за да ги прикрие лисиците беше донесен на судското рочиште денеска во Будимпешта. Груевски одбил да дава изјави за новинарите, а исто така судијата го испочитувал неговото барање да нема медиуми на рочиштето бидејќи се работи за сведочење со чувствителни информации