08 Мај, 2024
0.0268

Нема надеж за весникот „Независен“

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нема надеж за весникот „Независен“. Според сознанијата на Фактор, на вработените им било соопштено дека весникот и утре нема да се печати. 

Сепак, кажано им било дека до крајот на оваа недела треба да доаѓаат на своите работни места.

А во меѓувреме, сеуште функционира веб сајтот на весникот, на кој се пласираат информации. 

Инаку, главниот проблем заради кој весникот не може да се печати е долг кон печатницата, но според сознанијата на Фактор, не станува збор за некоја голема сума. 

Дали може да се најде инвеститор од земјава кој би го финансирал весникот со цел тој да продолжи да излегува, нашите извори велат дека засега нема такви изгледи

Најавата за згаснување на весникот „Независен“ Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја смета за уште еден удар како врз медиумските работници во Македонија, така и врз целокупниот медиумски пазар на труд.

ССНМ по потврдата од менаџментот дека весникот „Независен“ утре нема да излезе, со жалење констатира дека тоа значи останување без работа на повеќе од 20 новинари и медиумски работници, со што уште повеќе се продлабочува и онака лошата социјално-економска состојба на новинарите во Македонија. Останувањето на новинари и медиумски работници без работа значи потрес за медиумскиот сектор во земјава каде се зголемува понудата на работна сила, а се намалува побарувачката што за новинарите значи помала сигурност и поголем притисок.

Затворањето на „Независен“ покажува и колку е кревок овој сектор и условите во кои работата новинарите и медиумските работници, во секојдневен страв за своите работни места.

Весникот Независен речиси две години постоеше на медиумската сцена во земјава, Тој е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор

Фактор разговараше со еден од новинарите во Независен.

„После затворањето на три дневни весници во земјава, Утрински весник, Дневник и Вест, од политички причини, и со заминувањето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ова беше прв обид да се воспостави нов дневен весник во земјава, кој беше странска инвестиција, и формиран брз професионални основи, со искусни, но и со млади новинари. Се обидовме да ги вратиме принципите на новинарството и професионализмот и да придонесеме за развој на професионално, објективно и квалитетно новинарство, на овој новинарски пазар кој очигледно беше руинирам во последните 10 години. Очигледно е дека не може да пробие нов медиум врз основа на квалитет, професионалност, и во кој полесно пробива пропагандата, дезинформациите и лажните вести, отколку ангажирано, аналитичко и квалитетно новинарство“, вели еден од новинарите за Фактор. 

Инаку, новинарите во Независен се досега редовно ги земаа своите плати, се надеваат дека ќе успеат да ја добијат и октомвриската.

Повеќе новинари на социјалните мрежи веќе изразуваат жалење зошто од медиумската сцена во земјава згаснува еден од најпрофесионалните медиуми.

(Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

Таравари гласал на претседателските избори

Таравари гласал на претседателските избори

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда