ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Тешка сообраќајка се случила утрово на магистралниот пат Ќафасан - Подмолје во кој повредени се лица од соседна Албанија.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, возило „мерцедес“ кое имало албански таблички излетало од патот на клучката кај Радожда, при што се повредени пет лица, од кои едното потешко.
- На 08.05.2024 во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан - Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи - се наведува во соопштението на МВР.