НЕМА ВЕЌЕ БАЛКАНСКА РУТА: Словенија на полноќ го враќа шенгенот и затвора границата со Хрватска!
Објавено во: Балкан 09 Март, 2016
Шенгенот се враќа во согласност со договорот за затворање на балканската мигрантска рута, кој е постигнат на самитот на ЕУ-Турција во понеделникот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/NPR/status/707385940617003008?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Полицијата дозволува влез во Словенија само за странците со валидни патни исправи, лица кои изразат желба да побараат меѓународна заштита и поединци на кои им е потребна хуманитарна нега.
Словенскиот премиер Миро Церар после самитот во Брисел порачал дека балканската мигрантска рута веќе ја нема и дека Словенија во иднина во земјата ќе ги пушта само оние кои имаат соодветни документи за влез во шенгенското подрачје.
„Самитот упати јасна порака за сите оние кои криумчарат бегалци и илегални мигранти дека балканската рута веќе не постои“, рекол Церар. Во заклучоците заедно е наведено дека „незаконските текови на мигрантите се завршуваат“, додека предлог заклучокот е дека „балканската рута отсега е затворена“, за кој се залагаше и Словенија, но Церар рекол дека смислата на заклучокот со кој на крај сите се сложиле- е ист.
Навистина, заклучокот е нешто преформулиран, но смислата е уште иста , балканската рута за илегална миграција веќе ја нема“, рекол словенечкиот премиер.