26 Април, 2024
0.0281

Нема зима за еврокомесарите – нивната месечна плата е над 20.000 евра

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Поединечните плати на еврокомесарите на 28 членки на Европската унија надминуваат 20 илјади евра, без дополнителни надокнади, како дневници и други трошоци. Сите земји членки на ЕУ имаат по еден член во Европската комисија, пренесуваат белгиските електронски медиуми. Европскиот комесар за економија, Белгијанецот Карел де Гухт како еден од т.н „стандардни“ министри има бруто месечна плата од 20.667 евра. Гухт добива и надоместок од 15 отсто од месечните примања за станарина што е 3100 евра, како и премија за месечните трошоци за презентација од 607 евра. Потпретседателката на ЕК, Холанѓанката Нили Крос како и Вивиан Рединг имаат месечни примања од 22.963 евра. И тие добиваат посебен надоместок за трошоците за сместување во висина од 15 отсто од месечната плата што изнесува 3.444 евра како и премија за месечна презентација од 911 евра. Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо има бруто месечна плата од 25.353 евра плус додаток за трошоците за станарина во износ од 3.803 евра и месечна премија за презентација од 1.418 евра. Оданочувањето на бруто-платите се пресметува во 14 различни категории и изнесува од осум до 45 отсто. Но, Европската комисија во 2009 година потрошила 3.908.391 евра за патувања, вечери и подароци. Кога на европскиот комесар ќе му истече мандатот, нему му се исплаќа отпремнина од една месечна плата како и надоместок на трошоците за селење. Бруто месечните плати на чиновниците во ЕУ се поделени на шест нивоа од 2.654 евра до 18.370 евра. Во европските инстутитуции работат 55 илјади луѓе од кои 10 илјади се вработени според договор за работа, а во Брисел работи 58 отсто од европскиот персонал. Европската комисија има најголем број на чиновнции 33.030. Минималното бруто месечно примање на соработниците кои работат на основа на договор за работа изнесува од 1.847 евра до 6.599 евра. Постојат шест нивоа на плата на постојано вработените. Најниска плата имаат архиварите и нотарите и нивната бруто плата е 2.654 евра.Највисока плата имаат генералните директори во износ од 18.370 евра. Постојат и различни додатоци кои месечно се исплаќаат како додаток за семејна поддршка кој изнесува 170 евра на кој се додава и износот од два отсто од месечните примања. Освен ова, на службениците месечно им се исплаќа 373 евра за секое дете кое оди на училиште, како и премија за месечна презентација од 911 евра. На сите чиновници кои не се државјани на државата во која работат, се плаќа додаток во висина од 16 отсто од месечната заработувачка, поради што нето платите на одредени службеници се поголеми од бруто примањата. Дневниците на европските парламентарци кои дополнително се исплаќаат, изнесуваат 304 евра. Пратениците на Европскиот парламент имаат право на исплата од 4.299 евра месечно на име на општи трошоци. Европски пратеник кој десетпати повеќе присуствува на заседување на парламентот, покрај редовната плата може да заработи и до 9200 евра.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни