НЕСРЕЌА ЛАСКАРЦИ: Заштитната ограда не можела да ја издржи силината со која возел автобусот на „Дурмо турс“
Објавено во: Македонија 05 Март, 2020
Трагедијата која минатата година во февруари однесе во смрт 16 човечки животи не можела да биде избегната во никаква околност.
Ова го тврди градежен вештак кој денеска беше сослушуван на рочиштето за кобната несреќа која се случи кај Ласкарци.
Автобусот на Дурмо турс возел десет пати посилно од она што можела да го издржи заштитната ограда која меѓудругото не била соодветно поставена, патот не бил добро одржуван а одбојниците немале доволно шрафови и истите би биле многу поцврсти доколку биле поставени на бетон, наместо на земја.
Сепак и да не постоеле погоре наведените неправилности, несреќата ќе се случела под други околности а автобусот би удрил подолу.