Netflix должи над 20 милијарди долари - Ќе преживее ли продукцискиот гигант?
Објавено во: Економија 03 Август, 2017
Популарниот стриминг сервис за видео содржини Netflix во последните 5 години генерирал вкупен долг од неверојатни 20,5 милијарди долари. Причината за тоа се огромните трошења во продукција на сопствени ТВ серии со скапи буџети како House of Cards на пример каде глуми холивудската ѕвезда Кевин Спејси.
Исто така се повеќе трошат пари на филмови со креативни режисери, сценаристи и продуценти, а годишно додаваат по десетина шоу програми, стендапи и секако многу нови серии.
Сето тоа чини многу и сега Netflix е една од најскапите продукции во САД со се поголема интернационална публика, но бројот на претплатници изнесува само 100 милиони.
Netflix не пласира реклами и не ги користи податоците на корисниците и нивните навики за пласирање на маркетинг, но со оглед на огромниот долг нивниот бизнис модел во иднина можеби ќе се промени.
Засега инвеститорите кои го поддржуваат Netflix не се загрижени бидејќи веруваат дека вложувањето во сопствена продукција која ги собира најталентираните креативци од Холивуд ќе даде резултати на долг рок.
Планот е премногу амбициозен и екстремно ризичен, но доколку успее Netflix ќе биде вистински продукциски гигант кој ќе го загрози HBO и премиум кабелските ТВ продукции во САД.