НЕВРАБОТЕНОСТА УДРИ ВО САД: Секоја недела нови 5,2 милиони без работа
Објавено во: Економија, Свет 17 Април, 2020
САД се соочуваат со уште еден огромен проблем,
освен пандемијата на корона вирусот. Според податоците на американското Министерството
за труд невработеноста во земјата се зголемува секоја недела за 5,2 милиони
луѓе. Само за еден месец бројот на невработени Американци се зголемени за 22
милиони.
Според Њујорк Тајмс, овие податоци укажуваат дека кризата со Ковид-19 го зема данокот на економијата. Пропаѓаат бизнисите со хотели, ресторани, малите трговски претпријатија, а зафатена е и администрацијата.