Незадоволство во пренаселениот рај - Нов Зеланд
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Нов Зеланд привлекува рекорден број туристи со ветувањето за недопрена природа.
Но, на локалните жители сепак им е доста од преполни пешачки патеки и од тоа што им се наметнува да плаќаат и за инфраструктурата и чистењето.
Маркетинг кампањата на Нов Зеланд „100% чисто" има огромен успех.
Туристичкиот сектор сега цвета: во 2015 година 3,5 милиони туристи ја посетиле земјата, чие население брои 4,5 милиони и имаат зголемување од 12% во однос на претходната година, пишува ДПА.
Земјата се промовира со разновидна и недопрена природа, умерена клима и пријателски настроен народ. Сепак не се сите задоволни и многу локални жители ја повикуваат владата да изготви стратегија за туризмот, чија цел не е само растот.
Неодамнешната анкета на Националната туристичка агенција потврди дека речиси секој петти жител е загрижен дека неговата земја привлекува премногу туристи. Најголемите грижи се поврзани со патните несреќи и метеж, проследено со пренаселеноста, недостатокот на инфраструктура и влијанието врз животната средина.
Не се гледа крајот на експанзијата на туристичкиот сектор, а бројот на туристи се очекува да порасне за 5,4% годишно до 4,5 милиони до 2022 година.