03 Мај, 2024
0.0272

Никој не смее да отвори рудник во Гевгелија: Одлуката на граѓаните задолжителна за институциите

Објавено во: Македонија 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Гевгелија гласаше против отворање на рудници, а одлуката на граѓаните е задолжитена и обврзувачка за надлежните. Во иднина, општина Гевгелија не ќе може да биде дадено позитивно мислење за отворање на рудник на нејзина територија, што пак е еден од условите за да може да се добие концесија за отворање на рудник.

Ова произлегува токму од одлуката со која локалната самоуправа го распиша референдумот.

„Референдумот се спроведува со цел граѓаните да одлучат дали ќе дозволат да се отворат рудници од отворен тип на експолатација на металични минерални суровини на компаниите кои што на тертиторија на општина Гевгелија вршат или ќе вршат детални геолошки истражувања“, стои во одлуката од локалната самоуправа.

При тоа, во истата одлуката за распишување на референдумот е наведено дека она што ќе го одлучат граѓаните ќе биде обврска за надлежните.

„Одлуката донесена на референдум е задолжителна,“ пишува во објавата со која беше распишан референдумот од страна на локалната самуправа.

Иако законот за референдум дава можност изјаснувањето на граѓаните да биде обрзувачко или само консултативно, сепак општина Гевгелија се одлучила за обврзувачката опција.  

„Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните. При тоа,одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна, додека одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна“, стои во Законот за референдум.

Но, во случајот со Гевгелија, локалната самуправа се распишала одлучувачки референдумот, што значи дека и самата одлука на граѓаните е задолжителна за надлежните, како што е наведено и во одлуката на општтината со која е распишан реферндумот.

Владини извори брифираат дека, во иднина, не ќе може да биде издадена концесија за рудник на територија на Гевгелија, со оглед дека во ваков случај, општината не ќе може да даде  позитвино мислење за отворање на рудник. Со самото тоа не ќе може да се додели концесија бидејќи за такво нешто ќе бидат потребни сите позитивни мислења од сите релевантни институции. Единствено велат – рудник ќе се отвори само ако Владата и покрај волјата на граѓаните процени дека отворање на рудник е поголем државен интерес, што е тешко веројатно дека може да се случи.

Во конкретниот случај со Гевгелија и компанијата Резеровар минералс, која таму се уште врши детални геолошки истражувања,  кога ќе ги заврши доколку побара концесија за отворање на рудник – тогаш повторно ќе треба да се приберат сите мислења од надлежните институции, а конечната одлука ќе биде на Владата.  

„Министерството за економија по службена должност треба да побара мислење од единиците на локалната самоуправа на чија територија е поднесено барање за доделување на концесија, како и од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските и земјоделството, шумарството и водите.

По спроведување на дејствијата наведени погоре, Министерството за економија ја информира Владата за сите превземени дејствија, заедно со добиените мислења од надлежните институции, по што Владата, како концедент донесува конечна одлука“,објаснуваат од Министерството за економија.

Но веќе е јасно дека општина Гевгелија не ќе може да даде позитивно милсење за отворање на рудник , па со самото тоа ноту рудникот не ќе може да се отвори, освен ако Владат одлучи да не ја почитува волјата на граѓаните.

До ноември Канаѓаните може да побараат лиценца за отворање рудник, но општина Гевгелија сега е обврзана да не даде поитивно мислење

Канаѓаните кои бараат злато на Кожув имаа рок до ноември годинава да достават елаборат за деталните геолошки истражувања и доколку од истражувањата што ги вршеле утврдиле дека таму има доволно рудни резерви тие може да побараат концесија за отворање на рудникот.

„Компанијата Рерзевоар Минералс Македонија, е имател на концесија за детални голошки истражувања на минерална суровина – металични минерални суровини на локалитетот с.Коњско, општина Гевгелија и општина Кавадарци склучен во јули 2013 година. Договорот е доделен за период од 4 години и истекува во јули годинава. Согласно Законот за минерални суровини, во рок од 120 дена по истекот на Договорот за концесија, Концесионерот е должен да достави ревидиран Елаборат од извршените детални геолошки истражувања, објаснуваат од Министерството за економија.

Од компанијата не одговорија како ќе постапат сега и дали ќе ги стопираат истражувањата, со оглед дека веќе е јасно оти општина Гевгелија нема да може да им издаде дозвола за отворање на рудник, а со самото тоа дури и да добие останати позитивни мислења од другите институции – отворањето на рудникот не ќе може да се реализира.

Министерството за економија чека дозвола од Владата за да раскине договор за детални геолошки истражувања на Коњска река

Министерството за економија го раскинало договорот со компанијата Интернатионал Мининг Компани која добила концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Коњска река во Гевгелија  бидејќи кконцесионерот не го испочитувал договорот.  

„Договор за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – металични минерални суровини на локалитетот “Коњска Река“ општина Гевгелија е склучен во јули 2013 година. Договорот е доделен за период од 4 години и истекува во јули годинава. За оваа концесија, Министерството за економија има доставено до Владата Предлог-одлука за едностран раскин на Договорот, бидејќи Концесионерот нема започнато со вршење на деталните геолошки истражувања“

Отворањето на рудниците во земјава, предизвика големеи реакции и од аскпет на нивната исплаливост за државата, но и од екоколшки аспект, па по Гевгелија сега и Вландово и Кварадци бараат да се стопира отворање на рудници во нивните градови. 

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите