14 Мај, 2024
0.0294

Николовски: Со измените на Законот за земјоделско земјиште се спроведува сериозона реформа

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Измените на Законот за земјоделско земјиште претставуваат сериозна реформа на целокупниот сектор и начин за отстранување на сите проблеми во доделувањето на државно земјоделско земјиште под закуп, посочи на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека измените се направени врз основа на детални анализи на тимот од секторот за земјишна политика на МЗШВ и консултации со земјоделските здруженија.Вистинската распределба на државното земјоделското земјиште согласно предвидени законски измени ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи.

„Со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата. Една од клучните измени којашто ја правиме е во делот за младите земјоделци. Со цел нивна поголема вклученост во земјоделството и можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Решаваме еден долгогодишен проблем на одгледувачите на пчели, а тоа е недостигот на површини за поставување на пчелни семејства. Со новите измени, се проширува намената на земјоделско земјиште кое може да се додели во закуп со можност и за поставување на пчелни семејства“, изјави Николовски.

Дел од измените предвидуваат низа можности кои не беа регулирани со постоечкиот закон, а кои се од исклучително значење за земјоделците кои конкурираат на јавните огласи и повици, како и за ефикасна и поголема  искористеност на расположливите обработливи површини.

„Ја отстрануваме пречката која досега ја имавме за огласите над 3 хекатри, каде што имаше наддавања и до 100 милијарди евра, односно огромни суми, а на крајот за атрактивни локации не се склучуваа договори. Сега, со измените ставаме ограничување да не може никој да си дозволува да врши електронско наддавање до огромни нереални суми, а при тоа да нема никаква обврска.Конкретно, ги обврзуваме, тие што ќе понудат било каква сума а не склучат договори, да не стои земјиштето необработено, државата ќе има право на надомест на штета во износ од една годишна закупнина која што тие ја понудиле. На овој начин ќе ги отстраниме несериозните апликанти, заради кои они лица кои навистина сакаат да инвестираат, не можат да добијат можност.Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со  оваа измена ја забрзуваме целата процедура, да не ги повторуваме постапките, оти се соочивме за две години да не можат да се реализираат одредени јавни огласи само заради пречки кои постојано стоеја од ваков вид во законот“, изјави Николовски.

Со измените се овозможува на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти и изградба на објекти за спортско рекреативни активности. Тоа ќе придонесе за зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам. Николовски појасни дека оваа измена е во корелација со измените на Законот за вино во којшто се олеснуваат критериумите за физичките лица кои произведуваат вино и за отворање и работа на малите и средни винарници.

Досегашниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Со сегашните измени им се  овозможува на овие земјоделски стопанства да аплицираат  на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Николовски посочи дека во комуникација со земјоделците преку измените на законот ќе се решаваат и одредени договори кои што беа раскинати во претходниот период, ќе се регулира пребивањето со Платежната агенција, ќе се решаваат затекнати состојби во одредени региони, а измените се предвидени и во делот на банкарските гаранции, раскинувањата и склучувањето на договорите, и друго.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти