03 Мај, 2024
0.0306

НИКОЛОВСКИ ЗА АПСЕЊАТА: Власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека денешните апсења се брутален политички напад.

Од партијата додаваат дека станува збор за толкување на управна постапка, која што може да се толкува на различни начини.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски денеска на прес конференција кажа дека ова е 751. истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е брутален политички напад. Со акцијата, помеѓу другите, лишени се од слобода членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски, како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи и обични службеници. Во акцијата, покрај поранешниот министер, приведени се и 6 жени што работат во разни институции  како обични службенички. Приведени се шест недолжни граѓани на оваа држава – жени, обични службенички што си ја работат својата работа во Катастарот, Министерството, кај нотари и во правобранителството“, изјави Николоски.

Николовски вели дека претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бил уапсен затоа што на претходните претседателски избори го поразил СДСМ.

Пред судија на претходна постапка се изведени десет осомничени меѓу кои поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром.

Според Обвинителството за организиран криминал тие се осомничени за проневера на околу 2 милиони евра за незаконска продажба на државно земјиште. Обвинителството бара притвор и да им се замрзне имот во висисна на направената штета на вкупно 11 лица, меѓу кои се и петмина вработени во министерството за транспорт и врски, потоа за нотари и вработен во Катастар, како и државниот правобранител на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите