20 Декември, 2025
0.0735

Ништо ново на Волстрит

Објавено во: Свет 25 Април, 2013 12:21

Добивај вести на Viber

Непроменети беа берзанските индекси на Волстрит во средата,  бидејќи немаше вести кои би поддржале натамошен раст на акциите. Единствено индексот Dow Jones забележа благ пад по силниот раст во средата. Индексот Dow Jones ослабна за 0,29 отсто, на 14.676 поени, додека S&P 500 остана непроменет на 1.578 поени, на 3.269 индексни поени. По силниот скок на цените на акциите во претходниот ден, вчера инвеститорите на внимателност ги наведоа слабите макроекономски податоци. Нарачките на трајни производи во САД паднале во март за 5,7 отсто, најмногу во последните седум месеци, што е уште еден во низата сигнали дека растот на американската економија забавува. Инвеститорите ги загрижија и деловните резултати на неколку компании. Цената на акциите на Procter&Gamble потона за 5,8 отсто, откако најголемиот светски производител на опрема за домаќинство најави помала од очекуваната добивка. Акцијата на AT&T поевтини за пет отсто бидејќи во првиот квартал овој телекомуникациски гигант забележа нето загуба на претплатниците на мобилната телефонија, поради што му падна пазарниот удел. -Новите вести не поддржуваат оптимизам кај инвеститорите кои сакаат да ја подигнат берзата. Во вакво економско окружување тешко е да се оправда ова ниво на премиите на акциите и тешко е да се спознае што може да стимулира понатамошен силен раст“, вели Брус МеКејн, стратег во KeY Private Bank. Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, бидејќи по минатонеделниот остар пад, цените на суровините закрепнуваат. Силно, за 3,8 отсто, скокна и цената на акцијата на Microsoft, откако најголемиот светски производител на софтвер ја најави за мај новата долго очекувана генерација на Xbox. Акцијата на Boeing, поскапи за три отсто, бидејќи произведувачот на авиони во првото тромесечје оствари подобри деловни резултат од очекуваното

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот