14 Август, 2020
0.0454

Ниту едно јавно претпријатие не поминало на испит кај ДЗР

Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2019

Повеќето од нас некогаш сме биле на испит. Испитот наречен ревизија кој јавните претпријатија треба да го положат, дава слика за нивното работење и покажува колку ефикасно и домаќински ги трошат парите кои им се на располагање.

Најмногу поени на тој испит носат извештаите кои се однесуваат на финансиската состојба на претпријатието и утврдуваат дали финансиските трансакции што ги прави претпријатието се направени согласно стандардите и законите.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) направи анализа во која беа проверени информациите содржани во ревизорските извештаи изработени од Државниот завод за ревизија (ДЗР) за сите јавни претпријатија – вкупно 16 во изминатите пет години.

Анализата на ревизорските извештаи покажува дека јавните претпријатија имаат предизвици при почитувањето на законите, состојба што се увидува и во извештаите од ДЗР.

Загрижувачки е фактот дека сите јавни претпријатија паднале на задолжителниот дел од испитот спроведен од ДЗР односно ниту едно од нив не добило позитивно мислење. Тие или добиле мислење со резерва или државниот ревизор се воздржал од изразување мислење. Воздржувањето од давање мислење претставува најлоша ревизорска оценка бидејќи сугерира дека документацијата до тој степен била несоодветна, неуредна, некомплетна и неточна што ревизорот бил во ситуација да не може да оформи мислење.

Според истражувањето, само едно од 16 анализирани јавни претпријатија положило на тема усогласување со законите и регулативите, а за ниту едно ДЗР нема дадено позитивно мислење за финансиските извештаи.

Анализата покажува дека дел од претпријатијата нецелосно и неквалитетно прават попис, несоодветно ја документираат трговската книга, нецелосно и неточно ги утврдуваат приходите од наплата, не применуваат систематизација за работните места и приложуваат нецелосни и погрешни податоци за сметките, износите и направените корекции.

Кај некои јавни претпријатија ДЗР забележува дека се вршела исплата на прекувремена работа која не била во согласност со Законот за работни односи, а дел од нив исплаќале надоместоци во поголем износ од тој утврден со закон.

Целосната анализа за ревизорските извештаи на јавните претпријатија може да ја најдете тука.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.


Можеби ќе ве интересира

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком