08 Мај, 2024
0.0272

НЛБ Банка - носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси - МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.


НЛБ Банка е прва компанија која стана член на корпоративниот одбор на МАЧР и горд носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“.  

Претседателот на Асоцијацијата за човечки ресурси, Дарко Петровски, му ја врачи плакетата на Претседателот на Управниотодбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој по тој повод изјави: „НЛБ Банка отсекогаш била и во иднина уште посилно ќе биде посветена на луѓето, на нашите клиенти, но пред сè, на нашите сегашни и идни вработени. Ние сме голема Банка, семејство од над 900 луѓе. Постојано инвестираме во луѓето, грижливо ги третираме и се трудиме да им овозможиме работно опкружување кое ќе ги сплоти нивното знаење и инвентивност со идните потреби на клиентите и заедницата. Продолжуваме да креираме современи и предизвикувачки работни места за успешни кариери. Поттикнуваме личен развој, верувајќи дека растот е битна состојка на личната среќа. Нам ни е најваважно нашите вработени да се среќни, како на работното место, така и во приватниот живот, затоа што задоволни вработени се грижат и за среќни и задоволни клиенти. Продолжуваме заедно, за се што следи!“


Амблемот „Компанија ориентирана кон луѓето“ од оваа година им се доделува на компании кои даваат значење на професијата менаџмент со човечки ресурси. НЛБ Банка како компанија која континуирано покажува активна свесност за значењето на човечкиот капитал, ги почитува стандардите во управувањето со луѓе и во иднина ќе продолжи да ги поттикнува вработените да го достигнат и применат својот потенцијал и заеднички да ја градат визијата за долготрајна благосостојба.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“