27 Април, 2024
0.0297

НЛБ Банка АД Скопје стана спонзор на Судиската комисија при Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Дресовите на судиите, дел од кошаркарската федерација на Северна Македонија, отсега гордо ќе го носат логото на НЛБ Банка. Ова е резултат на постигнатиот договор за спонзорство меѓу Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Северна Македонија и НЛБ Банка АД Скопје.

„Драго ни е што најдобрата Банка во државата, стана дел од кошаркарското семејство и што нè поддржаа нас судиите и делегатите кои сме дел од тоа „семејство“. Со овој пријателски гест тие покажаа дека се општествено-одговорна компанија и претставуваат позитивен пример во бизнис заедницата. Поддршката за нас е од огромно значење, a благодарение на ова спонзорство обезбедивме нова опрема за нашите членови, а со дел од средствата за првпат ќе развиеме нова онлајн платформа за дигитална едукација на судиите и нивно континуирано учење и усовршување, а тоа секако ќе значи и привлекување на нови и млади судии“, изјави Елена Велкоска, Претседателка на Судиската Комисија при Кошаркарската Федерација на Северна Македонија.


Судиската комисија при Кошаркарската федерација функционира во мошне динамична средина во која има повеќе од 110 кошаркарски натпревари неделно, што значи дека на терен активни се околу 160 судии низ целата држава, не сметајќи ги школските, средношколските и универзитетските натпревари.  Денес, Македонската кошаркарска федерација брои 85 членки (регистрирани клубови) со 3.500 регистрирани кошаркари во сите категории, сениорски или младински.

Како дел од заедницата во која функционира, НЛБ АД Скопје е свесна за важноста од промоција и поддршка на вистинските вредности како и потребата да се инвестира во проекти од областа на спортот, едукацијата и културата. Во оваа насока тие и во идиниа ќе продложат да ги стумулираат овие сегменти во општеството и да бидата пример за социјално одговорна компанија.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“