26 Април, 2024
0.0303

ОДЛИЧНА ГОДИНА: НЛБ Банка лани со профит од 30 милиони евра

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Минатата година една од најголемите банки во земјава, НЛБ Банка, ја заврши со профит од 30 милиони евра, говорат финансиските извештаи на банката.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 1.849.918 илјади МКД, што е за 15,3 отсто над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите како и на пониската исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност“, велат од банката во својата објава до Берзата. 

Нето каматните приходи, заклучно со 31 декември лани, се повисоки за 0,1 отсто, споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за еден отсто, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и банки, додека расходите по камати се пониски за 6,5 проценти, главно поради пониски расходи за камата кај нефинансиски правни лица, население и останати финансиски институции, што се должи на пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување. Во однос на планот нето каматните приходи се пониски за 4,7 отсто.

Нето приходите од провизии се повисоки за 5,3 отсто споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 9,4 отсто, како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кеш центар и провизии од продажба на полиси за животно и неживотно осигурување. Расходите за провизии се повисоки за 17,7 отсто, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење, девизен и денарски платен промет и кеш центар. Во однос на планот нето приходите од провизии се пониски за 1,8 проценти.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 353.989 илјади МКД и се пониски за 57,5 отсто во однос на истиот период претходната година, главно поради остварена добивка од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во март 2018 година. Во однос на планот се повисоки за 57,7 проценти.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.419.551 илјади МКД и се пониски за 8,7 отсто во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот се пониски за 0,8 проценти. 

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.940.488 илјади МКД и се повисоки за 6,0 отсто при што трошоците за вработени се повисоки за 5,5%, трошоците за амортизација се пониски за 16,9 отсто (зголемен корисен век на дел од опремата), останатите расходи од дејност се повисоки за 12,2 проценти во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот вкупните оперативни трошоци се повисоки за 2,6 отсто.

Заклучно со 31.12.2019, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 427.431 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 4.473 илјади МКД.

Поради инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати НЛБ Банка беше наградена од:

– Финансискиот магазин “The Banker” за Банка на годината во Северна Македонија за 2019 година по јубилеен, десетти пат

– Македонска берза – Награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија – 3-то место

– Македонска берза – Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место

– Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2018 каде НЛБ Банка АД Скопје, трета година по ред, e избрана за Најдобра банка во Македонија

– Euromoney во Лондон, каде НЛБ Банка АД Скопје беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2019 година

– Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.


Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната