27 Април, 2024
0.0366

НЛБ Банка станува членка на WOBА - регионална невладина иницијатива за родова еднаквост на раководни позиции

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка, во светло на одбележување на Меѓународниот ден на жената, со задоволство објавува дека станува членка на Women On Boards Adria (WOBA), регионална невладина и непрофитна асоцијација за промоција на родовата еднаквост на високо-раководни позиции. Фокусирана на регионот Адриа, WOBA работи со бизниси, влади и меѓународни институции со цел да придонесе кон зголемување на застапеноста на жените во одборите и на извршните позиции, исполнувајќи ги барањата на ЕУ кои произлегуваат од Европската директива за жени во извршни одбори.

Членството е дел од континуираните заложби и посветеноста на нашата Банка за родова еднаквост на сите нивоа и области во деловното работење, градење на свест и култура на почитување на вредностите и компетенциите независно од родот, и повисоки работни позиции за жените,засновани на квалитет. Со членството во WOBA, одиме чекор повеќе кон јакнење на жената во корпоративниот свет, охрабрување и респект кон женскиот бизнис потенцијал, препознавајќи ја вредноста на ова партнерство во контекст на интеграција на ESG критериумите и корпоративната одржливост.“ – потенцира Бранко Грегановиќ, Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје и иден амабасадор на WOBA.

Членството во WOBA нуди неспоредливи можности за личен раст и вмрежување, преку настани кои ќе се одржуваат во главните градови од Адриа регионот, врвни програми за обука, лични коучинг сесии фокусирани на градење на лидерски вештини и компетенции за членство во извршни одбори, техники за интервју, ефективни стратегии и стратешко планирање на кариерата, со цел забрзување на темпото со кое жените се искачуваат на високи менаџерски позиции.

„Исклучително сме горди што НЛБ Банка Скопје, како една од водечките банки во Северна Македонија, станува дел од мрежата Women on Boards Adria и веруваме дека ова партнерство ќе придонесе за понатамошно унапредување на родовата еднаквост и поголема застапеност на жените на водечки позиции и корпоративни одбори во Северна Македонија и регионот Адриа. Сакаме да ги зајакнеме жените, да им дадеме можност да ги подобрат своите вештини и знаења за улогите во управните одбори преку обука и менторство, и да ги подготвиме компаниите за бизнис според европските стандарди, сè со цел да се постигнат извонредни резултати, за што, поддршката на НЛБ Банка на патот кон ова е многу важна“ - истакнува Билјана Брејтвејт, Претседателка на регионалното здружение Women on Boards Adria и извршен директор на Sustineri Partners.

Поддржувајќи го мотото на годинешниот Меѓународен ден на жената #ИнспирирајИнклузија, НЛБ Банка упатува срдечни честитки до сите жени, со искрени заложби за свет без пристрасност, стереотипи и дискриминација, разновиден, правичен и инклузивен.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг