30 Април, 2024
0.0284

НЛБ Нов пензиски фонд: „Македонијатурист“ да ја дуплира дивидендата!

Објавено во: Економија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Акционерот во образложението пишува дека „Македонијатурист“ во акумулирана добивка и резерви чува 30 милиони евра и дека треба за дивиденда од тие пари да издвои 1,1 милиони евра

НЛБ Нов пензиски фонд како голем поединечен акционер официјално побара од „Македонијатурист“ да го одвои износот на дивиденда што ќе ја исплати за секоја акција за 2016 година, пишува во предлог одлуката што друштвото за управување со фондови ја достави до „Македонијатурист“. Нов пензиски фонд бара износот на дивиденда што ќе ја исплати Македонијатурист да изнесувува 151,7 милиони денари (односно 2,46 милиони евра) во бруот износ, наместо 75,73 милиони колку што предлага менаџментот на компанијата. Другите 76 милиони денари НЛБ Нов пензиски фонд предлага да се издвојат од акумулираната добивка на „Македонијатурист“. 

Доколку предлогот на друштвото за управување со фондови го поддржат мнозинството акционери тогаш сите акционери ќе добијат дивиденда во бруто износ од 372,78 денари односно во нето износ од 335,5 денари и тоа е двојно повеќе од тоа што го понуди менаџментот на компанијата. НЛБ Нов пензиски фонд подолго време наназад вложува во акции на „Македонијатурист“. Ова друштво управува со два пензиски фонда од кои едниот е задолжителен пензиски фонд во кој чува над 370 милиони евра и другиот е доброволниот пензиски фонд кој е многу помал од задолжителниот.

На сметка на задолжителниот фонд има 8,67 отсто од акциите со право на глас и тој е трет по големина акционер во структурата на „Македонијатурист“. Друштвото за управување со фондови вкупно контролира 41.863 акции со право на глас. Тоа е повеќе од 10 отсто од акциите кои имаат право на глас затоа што од гласање и од дивиденда се исклучени 45.220 акции кои „Македонијатурист“ ги чува во сопствен откуп.

Фондот: „Македонијатурист“ чува 30 милиони евра, од нив да исплати 1,1 милиони евра во дивиденда

Фондот во своето образложение кон предлог одлуката напиша дека „Македонијатурист“ располага со висок износ на парични средства и висок износ на акумулирана добивка и резерви кои се неколкукратно повисоки од акционерскиот капитал на друштвото. Нивниот вкупен износ надминува 30 милиони евра. Од друга страна компанијата нема никакви кредитни обврски и долгови и заради тоа нема да биде никакво проблем за компанијата да издвои над 1,1 милиони евра од акумулираната добивка и тие да ги исплати во форма на дивиденда на нејзините акционери. Фондот во својата предлог одлука ги повикува и апелира до сите акционери да го поддржат нивниот предлог за исплата на дивиденда во нето износ од 335, 5 денари. Во досегашната 25 годишна акционерска историја ова е можеби и првиот случај кога голем поединечен акционер, кој не управува со компанија, ги поканува другите мали акционери да го поддржат и да изгласаат да се усвои предлогот за удвојување на дивидендата. 

Ова е многу значајна и ценовна чувствителна информација затоа што во денот кога беше објавена (7 април) на нашата берза беа истргувани 746 акции со право на глас што е повеќе од 10 отсто од количеството акции што се истргувани во период од една година. Прометот во петокот со таа акција беше околу 45.000 евра што ретко досега се случувало на нашиот пазар на капитал.

Има ли шанси да помине предлогот на пензиските фондови?

Засега акционерската јавност е многу воздржана околу перспективата на овој предлог. Но сите се согласни дека предлогот може да бид усвоен само со голема поддршка на многумина мали акционери или пак со поддршка на барем еден од другите двајца големи поединечни акционери Доне Таневски или Соња Бибановска. Таневски е најголемиот поединечен акционер и има 19,18 отсто од акциите односно двојно повеќе од друштвото што управува со пензиските фондови. Соња Бибановска има 11,27 отсто од акциите што исто така е повеќе од акциите што ги управува фондот. Друг значаен акционер е познатиот композитор Глигор Копров кој поседува малку под 5 отсто од акциите со право на глас. Познавачите очекуваат друштвото што управува со фондовите веќе да има стратегија штом ја дало оваа предлог одлука. Воедно многумина се согласно дека НЛБ Нов пензиски фонд со оваа активност покажува дека навистина се грижи за интересите на идните акционери затоа што со средствата од дивиденда им ги зголемува состојбите на сметките на идните акционери.

Како и да е на НЛБ Нов пензиски фонд ќе му треба значајна и масовна поддршка на поголем број од петстотината мали акционери физички лица во таа компанија кои заедно поседуваат околу 30 отсто од акциите во „Македонијатурист“. Собранието на акционери е закажано за 19 април.  

Р.Ф.

следува: Ќе го шокира ли Доне Таневски другиот предлог на Нов пензиски фонд 


Можеби ќе ве интересира

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место