05 Мај, 2024
0.0256

НОСЕЛЕ 27 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ЗА ГРЦИЈА - Полицијата ги приведе

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Двајца од Албанија сакале да однесат дури 27 килограми марихуана во Грција. Но, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на својата веб страница, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, кај с.Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, им го запреле патот.

„Полициските службеници запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Р.Албанија, а како сопатник бил Т.М(36) од Р.Албанија. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана, со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција“, соопшти Полицијата.

Од МВР уште додваат дека лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215  од Кривичниот законик на Р.С. Македонија. 

   

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца