Нов изглед на клиниката за хематологија
Објавено во: Македонија 22 Август, 2020
Со реновирањето на Дневната болница, сега Клиниката за хематологија има комплетно нов изглед, објави министерот Венко Филипче.
„Обезбедени се и нови најсовремени апарати за подобра и поквалитетна здравствена нега. Браво! Од почетокот на пандемијата, во дневната болница непречено се даваат медицинските услуги во две смени, а во установата целосно се спроведуваат проколите за работа. Пациентите мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, напиша министерот