15 Мај, 2024
0.0256

Нов колективен договор за вработените во енергетскиот сектор

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор на Македонија и Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија, потпишаа нов “Колективен договoр за енергетика„ со кој се регулираат правата и обврските на социјалните партнери од оваа област. Целата на овој договор е примена на меѓународните стандарди на трудот, изедначување на работните услови на ниво на енергетскиот сектор и креирање рамка на права на вработените со овозможување на фер конкуренција меѓу работодавачите, сигурност на работните места и работните услови во секторот и унапредување на социјалните права и здравата работна средина.

Двете страни се задоволни од условите во новиот колективен договор и ќе продолжат со заеднички сили да работат на одржување на здрава и продуктивна работна клима во Енергетската гранка во приватниот сектор во Македонија.

“Овој колективен договор овозможува стабилност за нашите вработени во идниот период, во кој продолжуваме континуирано да го подобруваме квалитетот на услугите и напредуваме кон највисоко ниво на квалитет на услуги„ изјави г. Штефан Петер, Претседател на Здружението за Енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.

Претседателот на „Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор“, г. Роберт Симоноски смета дека потпишувањето и продолжувањето на важноста на „Колективниот договор за енергетика“ претставува чин на унапредување на работничките права.

“Новиот договор е акт во кој северификувани, надградени и подобрени работничките права во реалниот приватен сектор во дејноста на  енергетиката во Р. Македонија. Со колективниот договор утврдено е право на регрес за годишен одмор, надоместоци на плати, унапредени и имплементирани се мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на “Колективниот договор за енергетика„ сите  работниците од енергетиката ќе се стекнат со полно право да ги користат, рече Симоноски.

Според претседателот на ОРМ, г. Ангел Димитров посебно треба да се истакне дека со отворен и реален социјален дијалог, користејки ги искуствата на работодавачите со странски капитал, може да се постигне целта- унапредување и заштита на работничките права и потпишување на колективни договори на национално ниво на ниво на гранки т.е. дејности но и на ниво на работодавач.

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е претставник на организациите на вработените од приватниот сектор и се состои од повеќе од 15 индустриски гранки, застапувајќи околу 70 000 вработени во 1012 компании во приватниот сектор во Републиката.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти