26 Април, 2024
0.0261

Нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

§  Комбинација од изложбен простор со продукти и услуги, гејминг зона и кафе бар

§  Зелен еко ѕид, за прв пат во Дојче Телеком продавниците

Посебна понуда на Samsung смартфони за 1 денар на 11 ноември

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

Се состои од три области:  Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар.Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

„Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“. – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

На денот на отворањето на продавницата во City Mall - 11 ноември,  од 10:00 до 13:00 часот,  за корисниците ќе има специјална понуда на Samsung смартфони, за еден денар. За корисниците на Smart M, еден денар ќе биде Samsung J3 (2016), за Smart L, Samsung J5 (2017) и за корисниците на Smart Platinum - Samsung  S8+.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет