Нов напад спречен во Франција
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2016
Нов напад е спречен во Франција, а уапсени се 7 лица од француско, мароканско и авганистанско потекло
Француската полиција за борба против тероризмот спречила викендов нов напад во Франција, соопшти министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев.
Седум лица на возраст од 29 до 37 години, се уапсени ноќта во саботата спроти неделата во Стразбур и Марсеј.
Казнев не откри која била потенцијалната цел на лицата кои подготвувале напад.
Апсењата се извршени непосредно пред отворањето на божиќниот базар во Стразбур, кој привлекува туристи од цела Европа. Тој беше мета на напад спречен во 2000 година.