НОВ НАПАД: Викал на арапски и избол Германци на плажа
Објавено во: Свет 03 Септември, 2018
Маж со нож денеска викал на арапски и нападнал двајца германски туристи во бар на плажа во Мајорка во Шпанија.
Триесет и едногодишниот напаѓач повредил двајца германски туристи на 27 и 46 годишна возраст на плажата Плаја де Палма.
Мажот за кој се претпоставува дека е мигрант од Либија се обидел да ги нападне и полицајците, кога сакале да му го одземат ножот. Откако ги повредил туристите, тој е уапсен.
Шпанската полиција не верува дека ова е терористички напад. Германските туристи се пуштени од болница откако им е укажана лекарска помош.
Полицијата го истражува случајот.